Договорот од Преспа ја обврзува ЕУ да ги тргне пречките за евроинтеграцијата на Северна Македонија и Западен Балкан. Му посакав добредојде на мојот пријател Алексис Ципрас во Охрид, со кого заедно учествуваме на „Преспа форум дијалог“, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.
Поранешниот премиер на Грција е еден од учесниците на „Преспа форум дијалог“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
“Се согласивме дека три години од потпишувањето на Договорот од Преспа на 17 јуни 2018 година, секојдневно пристигнуваат придобивките од решавањето на тридеценискиот спор, со кој воспоставивме стратешко пријателство меѓу Северна Македонија и Грција“, напиша Заев.
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.