еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Фото+Видео) Струмичанка заедно со италијанските колеги проектираа енергетски ефикасна билетара за “Островот на коските“ во Охрид

Димитра Фончева од Струмица е студент на втора година на магистерски студии на Политехнико во Милано, Италија, каде што и дипломирала градежништво и архитектура, а моментално специјализира во областа на градежни системи, технолошки смер.

Заедно со своите италијански колеги таа изработи проектот кој е замслен како енергетски ефикасна билетара за “Островот на коските“ во Охрид.

“Во рамките на магистерските студии имавме за задача да реализираме проект за павилион со параметарска архитектура по наш избор, кој ќе го поттике развојот на туризмот со тоа што ќе стане туристичка атракција.

На моја иницијатива одлучивме да се концентрираме на Охрид со цел колегите и професорите да ја запознаат Македонија и нејзините убавини, а со тоа ќе се даде и можност за зголемување на бројот на странски туристи и пред се станува збор за иновативна архитектура многу развиена во светот, ама кај нас уште не позната“, раскажува таа за еМагазин.

Таа повеќе години живее и студира во Милано, а желбата да придонесе во областа на градежништвото и архитектурата во Македонија и се над се.

“Предлогот беше едногласно прифатен на што бев многу горда. Му претходеше истражување на македонската историја, охридската архитектура, материјали и традиција како филигранство и начинот на изработка на познатите охридски бисери со цел да се дојде до една дефиниција која ќе ни овозможи да најдеме математичка функција која подоцна ќе биде развиена и ќе ни ја донесе формата на проектот.

Проектот е замслен како енергетски ефикасна билетара за “Островот на коските“, која овозможува прекрасен поглед кој го одзема здивот и ги тера посетителите да посакаат повторно да се вратат.

Но, неговата функција не би била обична билетара поради начинот на кој и како е изработена би станала светска атракција.

Наша желба би било проектот да се претстави на Општина Охрид и на Владата на Република Македонија со цел да се реализира и да го поттикнеме развојот на Македонија.

Голема благодарност до моите колеги Elaheh Namvari, Cosimo Razeto, Racha Sbaiti, Virginia Viterbo, и Giulia Volontè за посветеноста и желбата да се реализира таков проект, а посебна благодарност упатувам до професорот Andrea Vanossi, под чие менторство се дојде до крајниот резултат.

И покрај условите на пандемија, кризна ситуација во Италија, забраната за движење, онлајн наставата, затворените ресторани, барови, граници, неколку месечен карантин, се радувам што кај луѓето не умира желбата да се оди напред и да се има позитивна енергија, мисла и надеж дека се набргу ќе помине и ќе се врати во нормала“, вели таа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа 19 лица од Ковид-19, од кои шест во ноември-декември

Редакција

Убава вест: 439 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

За што се работи во предметот “Поштенска банка“ на СЈО, за кој зборува Заев во новата „бомба„

Редакција