еМагазин
Image default
Македонија

Пендаровски: Ако постои работа што треба да не исплаши од пописот, тоа е бројката на иселени граѓани

Успешноста на една држава се мери според способноста да се справи со бројните економски, социјални, здравствени, еколошки и образовни ефекти од пандемијата. Еден од главните елементи што е неопходен за успешни политики е токму реалната слика за бројноста на населението и неговата економска, образовна и социјална структура.

Не постои друг начин за добивање на реална слика освен преку пописот како статистичка операција кој е предуслов за секоја организирана држава да може да го планира својот развој. За жал, од познати причини речиси 20 години ние ги немаме тие витални статистички параметри.

Ова го истакна шефот на држвата Стево Пендаровски на денешиот состанок на државниот врв и градоначалниците организиран од Државниот завод за статистика за координација во врска со претстојниот попис.

Тој нагласи дека поради бранувања во јавноста за пописот, пред да го потпише Указот за прогласување на Законот се консултирал со претставници на релевантните државни институции, истакнати домашни, но и меѓународни експерти во областа, вклучително и од Еуростат и нивниот начелен став бил дека одредбите во законот не отстапуваат од стандардните меѓународни норми и принципи и од праксата при организирање на пописите во најголемиот број членки на ЕУ.

-Затоа сум длабоко убеден дека самото законско решение не претставува пречка за коректно изведување на пописот.

Исто така, уверен сум дека Државниот завод за статистика има доволно знаење, искуство и ресурси да ја спроведе оваа важна статистичка операција на професионален начин, почитувајќи ги притоа сите препораки и мерки за заштита од Ковид-19, рече Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев: Бојкотот на пописот нема да и донесе ништо добро на државата

МИА/Фото: Кабинет на претседател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски-Санчез: Шпанија останува важен партнер на Македонија на патот кон ЕУ

Редакција

В сабота истекува вонредната состојба, засега нема најави за продолжување

Редакција

Убава вест: 507 оздравени од Ковид-19

Редакција