еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски-Санчез: Шпанија останува важен партнер на Македонија на патот кон ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го прими премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон, кој престојува во официјална посета на Македонија.

-Поздравувајќи ја првата посета воопшто на еден шпански премиер на нашата држава, претседателот Пендаровски истакна дека Шпанија низ годините се покажа како важен партнер на С Македонија на билатерален и мултилатерален план и принципиелен поддржувач на аспирациите за членство во Европската Унија.

Притоа, претседателот Пендаровски изрази задоволство од динамиката на политичките контакти во последните неколку години, истакнувајќи дека истите значително придонесуваат за унапредување на односите меѓу двете држави.

Во таа прилика, претседателот Пендаровски го истакна интересот за натамошно проширување на економската соработка, трговската размена и инвестициската соработка во наредниот период, соопшти Кабинетот на претседателот.

Во однос на одлуката на Европската Унија за почеток на пристапните преговори со Македонија и Албанија, претседателот Пендаровски оценил дека отворањето на преговорите е од големо значење не само за реформските потфати во двете држави, туку има влијание и во актуелните геополитички и безбедносни околности во регионот и на европскиот континент.

Во тој контекст, како што стои во соопштението, претседателот Пендаровски нагласил дека Македонија останува конструктивен партнер на Европската Унија во одговорот на предизвиците предизвикани од воената агресија врз Украина.

-На средбата беше посочено дека претстојното претседателство на С Македонија со ОБСЕ во 2023 година и претседателството на Шпанија со Европската Унија во втората половина на 2023 година се добра можност за меѓусебно координирање во однос на активностите и приоритетите. Во текот на разговорот, соговорниците разменија и мислења и во однос на актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, стои во соопштението.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца Македонци вмешани во местење фудбалски натпревари пуштени на условна слобода

Редакција

За што е осуден Беким Мемети, кој избега од Идризово и рани затворски полицаец

Редакција

Во Бугарија не среќни со предлогот на Силва и Вархеји и затоа го пуштија во јавноста, да му ги сосечат нозете, вели Шекеринска

Редакција