Индискиот сој на Ковид-19 или делта, станува нова опасност и има потенцијал наесен да предзвика нов бран на заразување со вирусот низ светот, а истиот е веќе регистриран во над 100 земји.
Денеска Комисијата за заразни болести ќе одлучува како Македонија ќе се постави за да се спречи евентуално ширење на истиот, а експертите кон крајот на летото предлагаат воведување на ПЦР-тест за влез во земјата и зголемување на процентот на вакцинирани граѓани.
Во Македонија досега се регистрирани два „увезени“ изолирани случаи на делта сојот од македонски граѓани кои работеле во Ирак.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е разликата со алфа варијантата
Онаа што го потенцираат и домашните и странските експерти е дека делта сојот за разлика од алфа (првичната) варијанта на Ковид-19 е значително попренослив од сите досегашни регистрирани варијанти, а е поразличен и во клиничката слика.
Кои се симптомите
Најчести симптоми на оваа варијанта на Ковид-19 се главоболка, болно грло (и локално отечени лимфни јазли), течење на носот, температура, кашлица, а многу поретко се јавува губење на сетилата за мирис и вкус, што е типично за алфа варијанта.
Клиничка слика
Досегашните истражувања, кои се уште не регистрирале бројни други важни детали за овој сој, покажуваат дека околу 12% од пациентите заразени со делта варијантата во период од 3 до 4 дена развиваат тешка или критична форма на болеста.
Споредено со алфа варијантата, за истиот период 6% развиваат тешка форма на болеста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вакцини
Генерално сите производители на вакцини против Ковид-19 тврдат дека две дози штитат од овој вид на вирусот, а неколку студии низ светот покажаа дека со оваа варијанта најчесто се заразуваат невакцинираните.
Истражувањата исто така покажуваат дека со оваа мутација може да се заразат и вакцинирани, а досегашните искуства покажаа дека тие поминуваат далеку подобро отколку невакцинираните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Две дози од вакцините штитат од делта сојот, велат од Европската агенција за лекови