Вакцинацијата е единствен начин да се спречи ширењето на делта сојот во земјава, а со тоа да се спречи и евентуален нов силен бран на вирусот, информираат од Министерство за здравство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се што треба да знаете за делта сојот на Ковид-19: Од симптоми до вакцини
„По детектирањето на 7 пациенти кај кои е утврдено присуство на индиската варијанта, се испостави дека истите не биле вакцинирани, што уште еднаш го потврдува фактот колку е потребно граѓаните што побрзо да се вакцинираат.
Делта сојот е присутен во околу 100 земји во светот, оттука ние како држава не може да бидеме изземени тој да се рашири и кај нас. Состојбата во нашата земја, гледано од епидемиолошки аспект засега е мирна, секојдневно се следи ситуацијата и се прават анализи на истата.
Сепак, делта сојот има висока трансибилност, оттука важно е граѓаните масовно да се вакцинираат.
Сите официјални информации од меѓународните здравствени институции, домашни анализи на експерти и стручњаци во областа на вирусологијата и епидемиологијата, укажуваат на тоа дека единствен начин да се спречи ширењето на делта сојот или другите соеви на SarsCov2 е вакцинацијата.
Сите вакцини кои ги има кај нас се безбедни признаени од Светската здравствена организација (СЗО) и националните институти на земјите што ги произведуваат. Секоја вакцина е ефикасна и штити од тешка форма на болеста, компликации или смртен исход,“ се вели во соопштението.
Министерството за здравство апелира до граѓаните дека е важно да спрoведеме брза и ефиксна вакцинација, затоа упатуваме апел и повик до сите граѓани кои досега не се пријавиле за вакцинација или се двоумат, што побрзо да се вакцинираат.
Вакцините се безбедни, ефикасни и единствен начин да ја одржиме состојбата стабилна.
Веќе од понеделник 12 јули, вакцинацијата во државата ќе се одвива и без закажан термин, а ќе започне и теренската вакцинација така што вакцините ќе бидат достапни до секого и секаде, велат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доктор Кунгуловски: Тешки месеци со делта сојот ги чекаат невакцинираните и непрележаните
Професор Трајковски: Делта сојот можеби е веќе доминантен во Македонија
Фото: МЗ