еМагазин
Image default
Забава

„Дупер“ го објави својот прв албум „Хипер“

На музичката сцена се појавија како освежување, донесоа нова енергија и свежина, а од денеска го носат и првиот албум насловен „Хипер“.

„Не сум твој тип“ е нивната прва песна со која успеаја да ја пренесат нивната позитивност, а кога почна да се врти по радиостаниците и телевизиите, публиката реагираше со пофалби и коментари дека станува збор за поп-група која е поразлична од останатите.

Следуваа „Тело за на ТВ“, „Ние сме 2“, „Пробај да ми бидеш“, „Патник“, „Пак и пак“, „Единствен начин“… па сѐ до „Сменета“, соработката со Матеј Фолц.

Ова лето ќе може да уживате во уште неколку хитови на овие млади момци кои продолжуваат со многу нова музика, вежбање и концерти!, информираат од групата.

Во 18 часот на нивниот YouTube канал очекувајте ги новите песни во нивниот препознатлив Дупер стил.

Фото: Фејсбук/Дупер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) На врвот на Пелистер заврши настанот „Зимска приказна“ во Битола

Редакција

(Видео) Благој Нацоски и „Цацко Конопишки“ феноменални со легендарната песна „Ти си некаде“

Редакција

(Видео) Како изгледаше настапот на Васил Гарванлиев на Евровизија

Редакција