еМагазин
Image default
Македонија

Од понеделник вакцинација на населението од сите села од општина Македонски Брод

За да се овозможи што поголем број жители на општина Македонски Брод да се имунизираат против Ковид-19, Здравствениот дом од овој град со две екипи ќе продолжи со вакцинација во сите села од Општината.

Се очекува до крајот на овој месец да бидат опфатени сите 53 селски населби во оваа општина, потврди за МИА, Жарко Симески директор на Здравствениот дом во Македонски Брод.

Деновиве се одвива вакцинацијата со кинеската вакцина „Синовак“ и до крајот на оваа недела ќе бидат потрошени целокупните залихи од 500 дози, а во исто време се врши и ревакцинација на претходно вакцинираните со вакцините со „Синофарм“ и „АстраЗенека“.

-Од почетокот на месец јули досега во Здравствениот дом во Македонски Брод со кинеска вакцина „Синовак“ се вакцинирани 470 граѓани и на располагање ни стојат уште мал број на вакцини и затоа деновиве ќе ги обновиме залихите, како во Здравствениот дом, така и за екипите што ќе ги обиколат селата во Општината.

Персоналот кој ќе работи на теренска вакцинација ќе добие 500 нови вакцини во специјални фрижидери, кои сметаме дека ќе бидат доволни за првите десетина дена имунизација на терен, вели директорот Симески и посочи дека во нивниот дом во полн ек е и ревакцинацијата на претходно вакцинираните со кинеската „Синофарм“ и британската „АстраЗенека“.

-Во изминатиот период во нашата Општина ги ревакциниравме сите оние што пред три седмици ја примија првата доза од вакцината на кинески „Синофарм“. Исто така, во тек е ревакцинација на жителите на Македонски Брод со британската „АстраЗенека“, а се работи за лицата кои пред 12 недели ја примиле првата доза од овој производител.

Инаку бројот на лица кои се вакцинирани во нашиот Здравствен дом, потоа вработените во образование, здравство, полиција, армија и други, изнесува околу 3.000 ревакцинирани граѓани, што е висок процент ако се има предвид бројноста на населението во нашата Општина, додава Симески.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изречена казна затвор за уште еден обвинет, кој призна вина во случајот „Двојник“

Редакција

Можно ли е со тајно гласање да се протнат уставните измени за промена на името?

Редакција

Фатиме Фетаи: СЈО не е безгрешна, ќе се врати на пиедесталот на воспоставување на правото

Редакција