еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Избори во Бугарија: Води ГЕРБ на Борисов пред Има таков народ на Трифонов

Со обработени 89,14 проценти од гласовите на парламентарните избори во Бугарија, коалицијата ГЕРБ-СДС има добиено 24,01 проценти од гласовите, објави Централната изборна комисија на Бугарија.

Политичката партија Има таков народ (ИТН) има 23,48 проценти од гласовите, БСП за Бугарија – 13,65 проценти, Демократска Бугарија – 12,60 проценти, Движење за права и слободи – 10,61 проценти, Исправи се! Мафијата надвор! – 5,04 проценти.

По области, ИТН добива помеѓу 9,04 и 32,74 отсто, со највисок резултат во Плевен, а ГЕРБ помеѓу 18 и 33 отсто, а во Габрово, Ќустендил и Перник се највисоки.

ДБ добива помеѓу 4,42 и 33,06 отсто гласови, со најголема поддршка во градот Софија.

Најобразованите луѓе во Бугарија ја избираат ГЕРБ, Демократска Бугарија и Има таков народ.

Според возраста, младите гласачи на возраст меѓу 18 и 30 години најчесто гласале за ИТН. Жените ги претпочитаат ГЕРБ-СДС и БСП. ДБ е поддржана претежно во главниот град.

За новинската агенција Ројтерс, предвремените парламентарни избори, одржани на 11 јули во Бугарија, завршија без јасен победник, додека пак АФП наведува дека гласачите вчера ја казнија партијата на премиерот Бојко Борисов, обезбедувајќи победа на новата, предводена од Слави Трифонов, партија. Тие гласаа масовно за оваа и за сличните антисистемски партии.

АФП во својата анализа го нагласува гласот на протестот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Политиката на Бугарија кон Македонија не зависи од тоа која влада е на власт, порача претседателот Радев

ГЕРБ на Борисов смета дека ќе се појави Влада составена од партиите кои протестираа пред една година

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

22 митрополити од Северна Грција му пишаа на Ципрас дека се против Договорот од Преспа

Редакција

Франција, Германија, Холандија, Данска, Белгија, Луксембург и Шпанија биле против датум за преговори со Македонија, тврди Милошоски

Редакција

Во Тетовската болница починал пациент со Ковид-19 и вакциниран со две дози „Синофарм“

Редакција