еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините поскапуваат за половина денар, а цената на дизелот останува иста

Со последната одлука на Регулаторна комисија за енергетика и водени ресурси, малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 0,28 отсто.

Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и на „еуросупер БС-98“ се зголемуваат за половина денар за литар и со тоа малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 72 денари за литар, додека малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ изнесува 74 денари за литар.

Малопродажните цени на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство и на мазутот не се менуваат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Македонијатурист“ ќе одржи Собрание без физичко присуство на акционерите

Редакција

„Македонски Телеком“ го доби тендерот на општина Карпош за мобилна телефонија вреден 128.000 евра

Редакција

„Брако“ со повеќе од 650 македонски добавувачи е двигател на македонската економија

Редакција