еМагазин
Image default
Македонија

Заев се согласува со Радев за потребата од дијалог меѓу Скопје и Софија, очекува исчекор од новата бугарска влада

Се согласувам дека прашањата се решаваат билатерално во Скопје или во Софија, изјави премиерот Зоран Заев, коментирајќи ја изјавата на претседателот на Бугарија, Румен Радев дека политиката на Бугарија кон Северна Македонија зависи од отворен и конструктивен дијалог меѓу двете земји.

-Многу често претседателот Радев кажува дека тоа не се решава во Брисел или Вашингтон и јас се согласувам – тоа се решава во Скопје или во Софија, билатерално, а пријателите што нè храбрат да изнајдеме решенија се секојпат добредојдени.

На работниот состанок на 17 јуни мислам дека ги адресиравме сите детали, важни за нашата страна, важни за бугарската страна. Надежта останува да се оформи бугарскиот парламент и, пред сè, да се оформи политичка влада која ќе раководи со извршната власт на Република Бугарија, затоа што прашањето во Брисел се адресира преку Владата и верувам дека на вака заокружени решенија многу брзо ќе почне имплементацијата на патоказот, кој носи добробит на граѓаните на двете земји во различни области, истакна Заев на прес-конференција.

Одговарајќи на новинарски прашања, премиерот рече дека негова желба е Република Бугарија да формира Влада заради потребите на бугарските граѓани, но и затоа што од влада по вторите параламентарни избори ние очекуваме исчекор во решавање на проблемот.

-Во такви околности, се надевам дека ќе се формира влада, односно и трети избори, според мене, не гледам што ќе променат. Вторите избори менуваат нешто, имаат процент два, три – колку и да е промената, но дефинитивно политичката прагма вели дека треба да се биде рационален и да не се остава подолг период да се нема влада.

Очекувањата ми се 50-50 – дали ќе се формира влада или ќе се оди на нови избори, знаејќи какви се резултатите и како се поставуваат односите на сите полтички партии кои добија чест и одговорност од бугарскиот народ да учествуваат во парламентот.

Засега на повидок нема некои коалиции кои би поддржале заедничка влада односно би формирале парламентарно мнозинство, рече Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Политиката на Бугарија кон Македонија не зависи од тоа која влада е на власт, порача претседателот Радев

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски се јави по пресудата за „Насилство во Центар“: Нема правда во Македонија

Редакција

Францускиот предлог неприфатлив и за Стојанче Ангелов

Редакција

Со изведување на докази од Обвинителството продолжи судењето за случајот „Плацеви на Водно“

Редакција