Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Ќе дува слаб до умерен, а во вечерните часови вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 а максималната од 26 до 35 степени. УВ-индексот со вредност 7.
Според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), променливо облачно со сончеви периоди ќе биде и во Скопје, со услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен, а кон крајот на денот засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде 18, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Од утре ќе следува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура. Утре и во четврток ќе дува засилен ветер од северен правец.