Нема да гласаме за резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ за разговорите со Бугарија, доколку остане со името како што е сега поднесена, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање.
„Не се работи за инает или за некаков каприц. Се работи за принцип, се работи за Уставот. Недозволиво е премиерот, владејачкото мнозинство, институциите на сиситемот да гласаат спротивно на Уставот. Тоа испраќа порака дека го дерогираме целиот систем,“ изјави Заев, додавајќи Уставот е донесен и треба да се почитува.
Прашан дали СДСМ ќе ја поддржи Резолуцијата што била поднесена и прифатена од претседателот на Собранието, Талат Џафери со предложената формулација на името, Заев одговори дека најважно е што се согласуваат за суштината и за содржината на резолуцијата.
Владата и владејачкото мнозинство, посочи Заев, истовремено ги застапуваат институциите на системот на државата и не е дозоволиво да помислат нешто што е спротивно на Уставот иили Законот за ратификација на Преспанскиот договот.
Тој информира дека разговарале со најголемата опозициската ВМРО-ДПМНЕ за да се изнајде решение, при што било заклучено дека процесот треба да продолжи, но при тоа мора на дневнен ред да продолжи дискусијата согласно Уставот и Законот.
– Во едни такви околности ќе се обидам да разговарам со раководството на ВМРО- ДПМНЕ или нашите министри кои комнуницираат со раководството на ВМРО-ДПМНЕ, за да усогласат став за да не се пропушти можноста да застанеме заедно зад тоа што сите се согласуваме, изјави Заев.
Заев наведе дека ВМРО-ДПМНЕ знаеле „да направат ограда за Преспанскиот договор“, а да поддржат нешто што е важно за граѓаните.
– Мислам дека тука треба да се бара решението. Ние ќе поддржиме текст што ВМРО- ДПМНЕ го предложи, но очекуваме флексибилност од нивна страна за да не се случи и инситуциите не само владејачките партии да се доведат во позиција да го кршат Уставот, изјави Заев.
МИА/Фото: Влада