еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната плата во мај изнесувала 28.721 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2021 година изнесува 28.721 денари и е зголемена за 8,8 отсто во однос на истиот месец лани, објави Државен завод за статистика (ДЗС).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2021 изнесува 42.917 денари и е зголемена за 8,9 проценти во однос на истиот месец лани.

„Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (29 отсто), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (28,7 отсто) и Други услужни дејности (14,4 отсто).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (7 отсто), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (5,5 отсто) и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (5,3 отсто),“ се вели во соопштението од ДЗС.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За плати, награди и надомест на членовите на Одборот на директори на Хотели Метропол лани исплатени 1,6 милион денари

Редакција

„ЗК Пелагонија“ во загуба од 228 милиони денари

Редакција

ЕОС Матрикс Македонија прва компанија на финансискиот пазар со висок степен на ИТ-безбедност

Редакција