Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавуваат дека следува период на стабилно и топло време, освен во сабота кога во планинските предели ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Од понеделник се очекува температурата да биде во натамошен пораст, а особено топло се очекува кон средината на следната седмица.
До крајот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималните температури ќе бидат во интервал од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен повремено засилен северен ветер. Максималните температури ќе се движат до 32 степени.