еМагазин
Image default
Македонија

Содржината на Резолуцијата е многу битна и добро е македонското Собрание што поскоро да ја изгласа, рече Милошоски

Дозволете на денешната прес конференција да го истакнам нашиот став и задоволството на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и на опозицијата што беше прифатена на вчерашната седница веднаш после расправата за буџетот да се дискутира за Резолуцијата за македонските државни позиции поврзани со евро-интеграциите и со блокадите од Бугарија, изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

„Сметаме дека содржината на оваа Резолуција е многу битна и добро е македонското Собрание што поскоро истата да ја изгласа по содржина како што беше и доставена, бидејќи е надпартиска и утврдува сериозна европска вредност, а тоа е правото на сопствено определување на идентитетот и зачувување и негување на сопствената историографија,“ рече тој на денешната прес-конференција во Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ поднесе амандман на Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ – додадено е уставното име

Фото: Фејсбук/Милошоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Заев во друштво на Трамп на Самитот на НАТО во Лондон

Редакција

Сончево и топло до петок, за викендот повторно дожд

Редакција

Петар Атанасов потврди дека сакал да биде министер

Редакција