еМагазин
Image default
Македонија

СДСМ поднесе амандман на Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ – додадено е уставното име

СДСМ поднесе амандман на Резолуцијата со кој во содржината се додава уставното име на државата Република Севрна Македонија, пренесе телевизијата Телма.

За резолуцијата Собранието ќе расправа во текот на наредната недела.

Премиерот Зоран Заев уште еднаш потврди дека нема да гласаат за резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ за разговорите со Бугарија, доколку остане со името како што е сега поднесена.

„Не се работи за инает или за некаков каприц. Се работи за принцип, се работи за Уставот. Недозволиво е премиерот, владејачкото мнозинство, институциите на сиситемот да гласаат спротивно на Уставот. Тоа испраќа порака дека го дерогираме целиот систем,“ изјави Заев, додавајќи Уставот е донесен и треба да се почитува.

Најважно спред него е што се согласуваат за суштината и за содржината на резолуцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема да гласаме за резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ ако остане името со кое е поднесена, рече Заев

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јутарњи: Дел од Косово ќе припадне на Србија, дел на Косово! Ќе го уништат ли така мирот Тачи и Вучиќ: Следи БИХ, па Македонија…

Редакција

Дојава за бомби и во “Мериот“, ФФМ, салата „Борис Трајковски“, 10 скопски и за првпат и во битолски училишта

Редакција

На 7 април ќе биде објавена пресудата за „Меѓународен сојуз“

Редакција