еМагазин
Image default
Македонија

На 7 април ќе биде објавена пресудата за „Меѓународен сојуз“

Одлуката на судот за предметот „Меѓународен сојуз“ во кој првообвинет е Бојан Јовановски – Боки 13 ќе биде објавена на 7 април 2022 година, информираше денеска судијката Софче Гаврилова – Ефремова по завршните зборови на Јовановски, кој пак му предложи на судот да не му се суди по ликот и делото, туку по доказите.

-Од се досега изнесеното, неспорно се утврди дека кривичното дело не е сторено, бидејќи немало ни мотив, ни идеја, единствено сме работеле да се оствари проектот. Му предлагам на судот одлуката да ја базира на докази и да се оттргне од шпекулации.

Предлагам во целост да донесе ослободителна пресуда по обвенението и апелирам и молам на законита пресуда. Да не судат мојот лик и дело, да се судат доказите. Се чуствувам комплетно невин, истакна во завршните зборови Боки 13.

Тој се осврна и на обвинението за поранешната пратеничка од СДСМ, Фросина Ременски, за која, како што рече, „Фросина и да сакала да ми помогне, била оневозможена од нејзините партиски алчни другари“.

Во текот излагањето на завршните зборови на Јовановски, судијката Гаврилова – Ефремова неколку пати го предупреди првообвинетиот да се придржува на завршните зборови кои се однесуваат на изнесените докази и, како што рече, ова е последен пат да го предупредува.

Јовановски возврати дека се надева оти овие прекорувања од судијката се уште само денеска и ја замоли „да го изржи уште денес“.

Првото рочиште за овој предмет се одржа на 1 јули 2020 година. Според обвинителниот акт, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Адријан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународниот сојуз“ на Бојан Јовановски – Боки 13 и ги оштетиле со повеќе илјади евра.

Првообвинет во овој предмет е Бојан Јовановски – Боки 13, кој според обвинителниот акт е обвинет за кривичните дела „измама и перење пари”.

Обвинети во овој случај се и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ. Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на првообвинетиот Бојан Јовановски, и Јасна Мандиќ – Ерцеговиќ.

Обвинетата Ременски се товари за кривично дело „помагање во делото измама”, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари”, а Миле Јовановски се товари за „помагање во перењето пари” и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје”.

Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Имав поддршка од Заев, но „Меѓународен сојуз“ не добил еден денар државни пари, кажа Боки 13 на судењето за невладината

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каде се нема да можете да влезете ако не сте вакциниран или не сте прележале Ковид-19

Редакција

Вкупно 298 импортирани случаи на Ковид-19 во Македонија

Редакција

Зеќир Рачмиловиќ: Гласав „за„, за да Македонија излезе од криза

Редакција