еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Тренерите на Дејан Георгиевски се откажаа од парите од Владата ќе му ги дадат нему: „Доволен ни е историскиот сребрен медал“

Тренерот на Дејан Георгиевски, кој освои сребро во таеквондо, Дарко Костовски, се огласи на Фејсбук по повод одлуката на Владата да им додели парична помош како награда.

„Владата доделила 20.000 евра за македонската спортска икона Дејан Георгиевски и 10.000 евра за тренерите.

Мојот брат д-р Борче Костовски и јас како тренери на олимпискиот сребрен медалист Дејан Георгиевски, апсолутно се откажуваме од премијата што е доделена за нас, секако таа целосно треба да биде насочена кон олимпискиот вицешампион, новата македонска гордост.

За нас како тренери во овие моменти доволен е олимпискиот историски сребрен медал,“ пишува Костовски на Фејсбук.

Дејан ќе слета од Јапонија утре во 14.30 часот, а пречекот ќе биде на Плошад, Порта Македонија во 19.30 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе го награди Дејан Георгиевски со 1,8 милиони денари за успехот на Олимписките игри

(Фото) Графичкиот дизјанер Зоран Кардула изработи илустрација во чест на Трајковски: „Сребро како злато!“

Прв медал за Македонија по 21 години: Сребро за Георгиевски на Олимписките игри во Токио

Фото: Фејсбук/Костовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинетите во случајот „Двојник” вкупно осудени на 16 години затвор

Редакција

Срамота: Уништено местото на тетовско Кале каде беше оддадена почит за бранителите од 2001

Редакција

Убава вест: Оздравени 102 пациенти до Ковид-19, најмногу од Скопје и Куманово

Редакција