Ако епидемиолошката ситуација е како што е сега, сите ученици ќе почнат со настава во училиштата, за нешто повеќе од еден месец, практично со физичко присуство, без рестрикција во одделенијата или бројката во училници за што постојат протоколи – проветрување, начин на седење, менување на училниците за предметната настава итн., изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Посочи дека битно е што ги имаат разработено сите сценарија и интензивно работеле со Министерството за образование и наука и направиле добар план.
– Добри три сценарија се разработија во зависност од епидемиолошката ситуација. Доколку се влоши епидемиолошката ситуација подготвени сме да и тука интервенираме во дел на тоа како се организира наставата, додаде Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Имаме меѓу највисоките стапки на вакцинација во регионот, вели Филипче
Фото: Град Скопје