еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

Вучиќ: Од јануари 2023 нема да има граници помеѓу Македонија, Србија и Албанија

Регионалната иницијатив што досега беше позната како „Мини Шенген“ е победа за иднината, нешто што ќе ги промени работите на Балканот и потврда дека сме способни самите да ослучуваме за себе, да го подобруваме животот на нашите граѓани, изјави пртетседателот на Србија, Александар Вучиќ во воведното обраќање на Економскиот форум во Скопје.

-Кога започнавме со оваа иницијатива на сите нам тројца ни се причини дека оваа иницијатива е нешто што е добро, што е победа за идинината и нешто што ќе ги промени работите на Балканот. Сите оние работи за коишто многу лесно ги наоѓавме недостатоците едни на други, со многу леснотија наоѓавме причини за меѓусебни кавги.

И кога разговаравме за ова, сметавме дека би било многу добро за сите оние кои што ни се најблиски, а Србија и Албанија никогаш не биле толку многу блиски, но сите имавме различни проблеми, меѓутоа решивме од гледање во минатото, доаѓаат, на нашите деца.

Во минатите две години развиваме една искрена доверба помеѓу нас во смисла на развивање на односите кон регионот, кон ЕУ и кон светот. Ние сите сме на европскиот пат, меѓутоа не сме ниту глупави ниту наивни да веруваме дека некој ќе работи во полза на нашите земји доколку ние тоа самите не го правиме.

Затоа е особено важно за луѓето во нашите земји да им покажеме како во Албанија, така и во С Македонија и во Србија дека сме во можност и способни сме самите да одлучуваме за себе, да го подобруваме животот на нашите граѓани, да одиме на нашиот европски пат, да работиме со сите, но да не чекаме дека некој ќе не води и насочува.

Спремни сме да ја земеме судбината во свои раце и да работиме во интерес на нашите граѓани, посочи Вучиќ.

Нагласи дека е многу важна полната доверба која веќе се случи меѓу тројцата, затоа што сето она што стои зад овој предлог е за добробит на сите и нема скриена агенда. Укажа на предностите кои ќе ги донесе олеснето движење на луѓето, капиталот, добра и услуги, како и во однос на привлекувањето на странски инвестиции.

„Ни се отвараат големи, бескрајни можности и се од полза за сите три земји. Нашите три земји ќе ја завршат годината со вкупно 76 милијарди евра БДП, тоа е БДП помал од една Словачка. Колку години ни се потребни да го стигнеме.

Десетина години?. Не, за само 5-6 години максимум и ги престигнуваме. Тогаш почнуваме во потполност да ги менуваме позициите и силите и може да работиме на развојот и да ја покренеме машинеријата на развојот на овој регион. За тоа ни се потребни бизнисмените, деловните луѓе кои ќе можат да ги реинсвестираат своите пари, рече Вучиќ.

Мораме да го оставиме минатото зад нас и да гледаме во иднината, напредокот на животниот стандард на обичните граѓани, порача српскиот претседател.

-Ова не е насочено кон никого, а тоа е единствената цел нашите граѓаните да живеат подобри, нешто што е свето. Секогаш ќе имаме противници на оваа идеја, кои не размислуваат на економијата на нешто долгорочно, кои размислуваат на следните избори и кои во се бараат некој недостаток…Ние ќе се обидеме и ќе дадеме се од себе.

Едниот услов е довербата што ја имаме, а другиот е трите земји или влади да можат брзо да постигнат резултати, дали ќе можеме да ги надминеме сите слабости на нашата администрација или нема да можеме.

Ако можеме да го сториме тоа на 1 јануари 2023 година – веќе нема да имаме граници меѓу нашите земји. Има граници, но нема граници за нашите граѓани. Одите од Белград до Тирана и никој нема да ве запре никаде, рече Вучиќ во своето обраќање на Форумот во Скопје.

Следната средба во рамки на иницијативата Вучиќ ја најави за два-три месеци во Белград.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неуспехот на Европа за одржување на прва меѓувладина конференција со Македонија и Албанија е против европската идеја, порача Заев од Економскиот форум

„Фајненшал тајмс“: Балканската тројка промовира „мини-Шенген“ сооочена со одложувањето на членството во ЕУ

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Артан Ајро, новиот обвинител во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција

Редакција

На лидерската се разговарало и за бришење на формулацијата „20%“ од Уставот, вели Ахмети

Редакција

Донаторска акција на стари книги во кафе-книжарницата „Илика“

Редакција