Според последните податоци, најмногу со прва доза вакцинирани граѓани, по главниот град Скопје – 159.514, има во Битола – 35.067 со примена прва доза и во Тетово вкупно 31.007 граѓани, информираат од Министерството за здравство.
“Куманово, Прилеп и Охрид имаат помеѓу 20.000-25.000 вакцинирани граѓани со прва доза, а помеѓу 15.000-20.000 граѓани се вакцинирани досега во градовите Велес, Кавадарци, Струмица, Гостивар и Штип, додека пак во Кочани и Струга вакцинирани се нешто повеќе од 10.000 граѓани.
Во Демир Хисар, Кичево, Ресен, Неготино, Св. Николе, Берово, Виница, Делчево, Пехчево, К.Паланка, Кратово, Дебар, Крушево, М.Брод, Валандово, Пробиштип и Радовиш вакцинирани се под 10.000 граѓани во секој од градовите“, велат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
31% од населението над 18 години вакцинирано со прва доза на вакцина
Фото/табела: МЗ