еМагазин
Image default
Македонија

Бугарија ќе и помогне на Македонија, но приоритет и се пожарите дома

Бугарскиот претседател Румен Радев оствари разговор со својот македонски колега Стево Пендаровски во врска со големиот пожар кај Кочани, соопшти Кабиентот на Радев.

За да се вклучат бугарските спасувачи и војската, владите на двете земји треба да се договорат за вклучување на бугарска противпожарна опрема за да помогнат во контролата на ситуацијата во Кочани, наведено е во соопштенето.

За време на разговорот, Радев го запознал Стево Пендаровски со комплицираната ситуација со пожарот и во Бугарија, но тој изразил подготвеност Софија да пружи помош.

Владата во Софија соопшти дека утрово техничкиот бугарски премиер Стефан Јанев остварил телефонски разговор со неговиот македонски колега Зоран Заев, при што разговарале за пожарите во близина на Кочани.

Бугарскиот премиер изразил подготвеност, доколку е потребно, Софија да ја поддржи Република Северна Македонија во справувањето со огнената стихија. Јанев му укажал на Заев дека во неколку делови на Бугарија противпожарни служби исто така се борат со пожари. Контролирањето на ситуацијата со пожарите во Бугарија е приоритет, се вели во соопштението на бугарската Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Србија повторно прва напомош: Во Македонија пристигнаа 4 хеликоптери за гаснење на пожарите

Словенија ги става на располагање своите капацитети за гасење на пожарите во Македонија

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Активни пет пожари во Македонија, четири се под контрола

Редакција

Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини

Редакција

„Рекет“ даден на оценка, се чека закажување рочиште

Редакција