еМагазин
Бизнис

Прилепска пиварница со зголемена добивка

Во првото полугодие од 2021 година Прилепска пиварница АД Прилеп оствари вкупен приход во износ од 767.319 илјади денари, кој во споредба со остварениот вкупен приход во истиот период од 2020 година од 741.863 илјади денари покажува остварување од 103,43%, информираат од таму преку Македонската берза.

“Во структурата на приходите најголемо учество имаат оперативните приходи од продажба од 752.925 илјади денари и учествуваат со 98,13%, па останатите приходи од 7.123 илјади денари, кои учествуваат со 0,93%, како и финансиските приходи од 7.272 илјади денари, кои учествуваат со 0,95%.

Остварените вкупни расходи во првото полугодие од 2021 година изнесуваат 707.977 илјади денари и во споредба со остварените вкупни расходи во истиот период од 2020 година од 691.335 илјади денари бележат зголемување од 2,41%.

Друштвото оствари позитивен финансиски резултат од 59.342 илјади денари и истиот е за 17,0% подобар споредено со остварениот резултат во истиот период од 2020 година“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За примања на Управниот и Надзорниот одбор на Прилепска пиварница лани исплатени 18 милиони денари бруто

Прилепска Пиварница со зголемена добивка во првите три месеци од годинава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Невработеност во првото тримесечје 12,9%

Редакција

Национален план за производство на храна: Каква поддршка ќе добијат земјоделците и како ќе ја користат

Редакција

„Пелистерка“ неколкукратно ја зголеми добивката

Редакција