еМагазин
Image default
Бизнис

Скопски Бетон со загуба

Во периодот јануари-јуни 2021 година Бетон АД Скопје оствари вкупни приходи во износ од 410.157 илјади денари, што е за 38% помалку во однос на истиот период од претходната година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

“Намалувањето на приходите е резултат за завршување на проектите од претходните години, како и завршување на подготовките за воведување во работа на нови проекти, од кои еден проект е во странство и кои треба да започнат со изведба во втората половина од годинава.

Во првата половина од 2021 година (јануари-јуни) остварени се вкупни расходи од 647.795 илјади денари и истите се на ниво од истиот период од претходната година.

Вкупната загуба изнесува 237.637 илјади денари и е резултат на ниската реализација и зголемените трошоци на материјалите, посебно заради фактот што се завршуваа долгогодишни проекти за кои се вршени пресметки неколку години претходно и чии договори не дозволуваат корекција на вредностите, најчесто работејќи се за проекти чии инвеститори се државни институции.

Сведоци сме на енормен раст на инпутите во градежништвото, како и недостиг на работна сила која дополнително придонесува кон зголемување на цените на влезните материјали и услуги.

Друштвото и покрај тешките услови за работа и оперирање во економија која има намален раст, во периодот од 2020 и првата половина на 2021 година инвестираше во дополнителни основни средства, односно опрема и механизација, во вкупен износ од 146 милиони денари“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопски Бетон во првите три месеци работел со загуба

Скопски Бетон лани работел со намалена добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија го задржа кредитниот рејтинг ББ-со стабилен изглед од „Стандард и Пурс“

Редакција

Горивата поскапуваат до 1,5 денари

Редакција

Виз ер: За овие седум години, не сме имале летови до Полска

Редакција