еМагазин
Image default
Бизнис

Скопски Бетон лани работел со намалена добивка

Во периодот од 01.01. – 31.12.2020 година Бетон АД Скопје оствари бруто добивка од работењето во износ од 2.753.912 денaри или за 80% помала од 2019 година, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Ова се должи пред се на бројните предизвици со кои се соочи нашата компанија како резултат на моменталната криза предизвикана од Ковид-19 и го промени целокупното деловно опкружување.

Вкупните оперативни приходи во 2020 година изнесуваат 1.625.871.650 денари и истите се зголемени за 33% во однос на 2019 година.

Финасиските приходи во 2020 година се намалени за 38% во однос на 2019 година како резултат на намалените приходи од курсни разлики.

Вкупните приходи за 2020 година се зголемени за 28% во однос на 2019 година.

Во периодот од 01.01 – 31.12.2020 година Друштвото оствари вкупни расходи од 1.734.016.828 денари кои се за 29% поголеми во однос на 2019 година. Зголемувањето на расходите  се должи на најмногу на зголемените расходи за услуги за изработка на производи (+108%)“, информираат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Намалена добивката на скопски „Бетон“

Скопски „Бетон“ го продава истоимениот хотел во Дојран

Скопски „Бетон“ го доби тендерот на Град Скопје за реконструкција на бул.Александар Македонски вреден 1,3 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест за акционерите: „Македонијатурист“ ќе дели бруто дивиденда од 239 денари за акција

Редакција

Вредноста на две компании на внукот на Ахмети, Дрин е околу 8 милиони евра

Редакција

Бензините поскапуваат за 1,5 а дизелот за 2,5 денари

Редакција