еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Најубава вест: Собрани 50.000 долари за малиот Јаков

Мисијата да се соберат 50.000 долари за малиот Јаков, која ја покрена Австралијанецот, со македонски корени Џим Ристевски, успешна за нецела недела.

Јаков со родителите веќе е сместен во турската болница и ја започна својата битка со болеста.

– Овој пат, парите ги собравме за една недела, со навистина лесен напор. Сторијата ги стопи срцата на луѓето. Најголемиот дел од средствата ги собрав од семејството, пријателите и бизнис партнерите во Австралија.

Секогаш лично донирам голем дел. Сакам да се заблагодарам на сите македонско-австралиски фан страни на социјалната мрежа Фејсбук, за нивното ангажирање веста да допре преку оваа платформа до многу луѓе.

Голема благодарност до македонските медиуми, кои кај Вас ја раширија веста за акцијата.

И благодарност до сите добри луѓе кои ги отворија и срцата и џебовите за да успееме, истакна Ристевски.

Тој е веќе познат бизнисмен и филантроп во Австралија, а на македонската јавност ѝ е познат по два претходни хумани гестови.

Во 2016 година, кога се случија големите поплави тој обезбеди 10.000 австралиски долари за малиот Ведран Велиновски од Крива Паланка, кој ги загуби своите мајка и брат на скопската обиколница и минатата година тој повторно се јави како организатор на фандрејзинг иницијатива наменети за реконструкција на Медицинското училиште Д-р Јован Калаузи од Битола, кое беше во очајна состојба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен доаѓа во Македонија на крајот од месецов

Редакција

Нови 85 случаи на Ковид-19, 48 оздравени, нема пријавено починати

Редакција

(Вознемирувачко видео) Нова снимка од нападот на железничката станица во Краматорск

Редакција