еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Повеќе од половина од хоспитализираните со Ковид-19 во Тетово присуствувале на прослави и забави

Денеска имавме координативна средба со директорите на повеќе клиники и болницата во Тетово и детската болница Козле во Скопје, на која разменивме информации во делот на приливот на пациенти во амбулантите и пациенти за хоспитализација, со цел да навремено се преземат сите чекори и работи кои што треба да се направат заради тоа што очигледно сме на почеток на еден нов бран, информираше министерот за здравство, Венко Филипче.

Како што кажа Филипче, трендот на зголемување на бројот на заболени се реперкуира и во болниците, меѓутоа не насекаде исто.

– Во моментов Тетово е најкритичниот град, каде што има голем број на приеми на инфективното одделение и во модуларната болница, некаде околу 45 пациенти се веќе хоспитализирани во изминатите неколку денови.

Освен тоа, бројките на новодијагностицирани се високи и во Скопје и во Гостивар, а од вчера и во неколку градови во државава, имаме и во Куманово, во Кичево, во Кавадарци во Струмица, меѓутоа во овие градови нема никаков притисок во болниците и во делот на амбулантските прегледи и во делот на хоспитализација на тие што треба да се примат на болничко лекување, кажа Филипче.

Тој информираше дека денеска направиле договор, систем за прием на сите пациенти кои што имаат потреба да се лекуваат болнички, од болницата во Тетово да се праќаат во Скопје, затоа штo, како што кажа, ќе се отвори вториот кат на Инфективната клиника за што е направена и координација на кадарот во Скопје.

Дополни дека имајќи ги предвид епидемиолошките анкети, податоци, кои што во болницата во Тетово укажаат дека огромен број, повеќе од пола од хоспитализираните пациенти присуствувале на прослави и забави, вчера се донесоа повеќе одлуки на седницата на Владата.

– Прво, да се забранат сите настани и прослави во затворен простор, по 15 август и од 15 односно 16 август да биде задолжително прикажување на доказ потврда дека граѓанинот е вакциниран со најмалку една доза на вакцина при влез во сите затворени и отворени објекти, каде што има настани, прослави, семинари, рече Филипче.

Посочи дека со тоа сакаат да постигнат неколку работи, помеѓу кои и да се зголеми опфатот на вакцинација, со цел да не бидеме приморани понатмау да воведуваме уште порестриктивни мерки, а животните процеси да продолжат како изминатиот период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На концерт или спортски настан од 16 август само со потврда за примена вакцина

Од 16 август нема свадби и прослави на затворено

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се зголемува капитациониот бод за матичните лекари, гинеколози и стоматолози

Редакција

Во сите пописи досега од 1948 година се попишуваат и Бугарите во Македонија

Редакција

СДСМ формираше работна група за разговори со ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени

Редакција