еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Приведен дебранец поради предизвикување пожар во атарот на селото Бомово

Во полициската станица во Дебар приведен е дебранец, поради предизвикување пожар во атарот на пограничното село Бомово, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

-Вчера попладне околу 18:30 часот, во Одделение за внатрешни работи Дебар е приведен Б.М.(60) од Дебар, кој претходно, од патрола составена од полициски службеници, во содејство со Противпожарна единица и припадници на шумската полиција од Дебар, бил затекнат кај опожарена нива во атарот на дебарското село Бомово, рече Димоски.

Додава дека патролата веднаш пристапила кон гаснење на пожарот, со кој биле зафатени дабови и багремови дрвја, како и нискостеблеста вегетација.

-Во координација со Јавен обвинител, Б.М. е задржан во полициската станица и против него ќе биде поднесена пријава во врска со членот 227 за „предизвикување шумски пожар“ од Кривичниот законик, посочи портпаролот Димоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Какви казни предвидува Кривичен законик за подметнување пожари

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Бугарски рапер испеа дека Македонија е територија, а македонскиот дијалект на бугарскиот, па наводно добил смртни закани

Редакција

Починаа пет лица од Ковид-19, вкупно 3.156

Редакција

Почнува увидот во Избирачкиот список, пријавување на дијаспората и на набљудувачите за референдумот за името

Редакција