Телевизијата Алфа објави дека младоженци од Австрија кои свадбената веселба одлучиле да ја прават во родниот Охрид, завршиле во болница откако кај двајцата бил дијагностициран опасниот вирус.
Според телевизијата иако уште на пат кон родната земја, идниот зет не се чувствувал добро,тие сепак ја направиле свадбата, по што тој бил хоспитализиран.
Не се знае колку луѓе имало на свадбата, но епидемилозите не само што не ја исклучуваат можноста, туку очекуваат дел од свадбарите да се појават со симптоми на Ковид-19.
Моментално во модуларната болница во Охрид се хоспитализирани пет пациенти, двајца од нив се вакцинирани со две дози, а останантите тројца не биле вакцинирани.
-Од тие пет хоспитализирани пациенти, тројцата пациенти се дојдени од странство и се од таму позитивни дојдени. Никој кај нас не ги контролирал на влез, едниот е од Белгија, а двајцата брачни сопружници се од Австрија. Не се вакцинирани пациентите“, вели Мира Спасова, медицинска сестра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Во Тетово на свадба наместо пирошка давале парацетамол“: Твитер реакции
Младоженец, невеста и цело семејство од Тетово позитивни на Ковид-19, ама си направиле свадба