еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Влез во кафуле и кафана и за прележаните од Ковид-19, но само во првите 45 дена од оздравувањето

Почнувајќи од понеделник граѓаните освен сертификат за вакцинација, или потврда за примена една доза вакцина, во угостителски објекти и на други локации опфатени со мерките, ќе може да влезат и со потврда за прележан Ковид-19, но само првите 45 дена, сметајќи од денот кога оздравеле,  информираше денеска министерот за здравство д-р Венко Филипче.

– Тој период е за да поминат неопходните 30 дена по оздарвувањето, 15 тина дена да се организира вакцинацијата. Единствено решение е да се зголеми опфатот со вакцинација, верувам граѓаните ја разбраа пораката за мерките и сакам да им се заблагодарам.

Ако граѓаните имаат дилема сакам да ги охрабрам да одат да се вакцинираат, тоа е начинот со којшто ќе постигнеме колективен имунитет, ќе имаме нормален живот, ќе може да функционираме, да живееме, да работиме, да бидеме продуктивни и да ги вратиме назад нашите животи.

Доказ за тоа е дека популацијата на вакцинирани граѓани, заболува во исклучително мал процент, изјави Филипче.

По завршувањето на првите 45 дена, од прележувањето, и за овие граѓани ќе важи дека за влез во објекти треба да приложат серитификат за вакцинација, односно потврда за примена барем прва доза вакцина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За невакцинирани во кафуле казна од 250 евра

Келнерите и готвачите во угостителските објекти не се обврзани да се вакцинираат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скратување на изолација од десет на седум дена, препорача Комисијата за заразни болести

Редакција

Чии акции се со најголем раст и пад на Македонската берза во април

Редакција

(Видео+Фото) СДСМ објави лична карта на Даниела Арсовска од Петрич

Редакција