еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Скратување на изолација од десет на седум дена, препорача Комисијата за заразни болести

Намалување на периодот од 10 на 7 дена изолација за ковид-позитивните пациенти е ставот што произлезе од денешната вонредна, седница на Комисијата за заразни болести, информираат од Министерството за здравство.

-Одлуката ја носи Владата на предлог на Министерството за здравство, а врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести и одобрување од Главниот кризен штаб.

На состанокот на Комисијата, денеска, не стана збор за укинување на сертификатите и за носењето заштитни маски од учениците со започнувањето на второто полугодие од учебната година.

За овие прашања ќе се разговара дополнително на некои од наредните состаноци на Комисијата.

Состојбата будно ја следиме, а анализите во моментот укажуваат на тоа дека сè уште има капацитет за сместување во болниците.

Сепак, со оглед на околностите, на денешната седница дискутиравме и за потребата од брза реакција доколку сликата се смени и болниците се преполнат.

Во такви околности Министерството за здравство веднаш би ги ставило во функција останатите капацитети на јавноздравствените установи. Ги преземаме сите соодветни мерки за да обезбедиме сигурност за секој граѓанин поединечно, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Лазаров: Објективна е итната потреба да се скрати периодот на изолација на позитивни пациенти, но во тој случај е неопходен барем брз антигенски тест

Проф. Трајковски: Луѓето со омикрон сојот би требало да останат во изолација уште 5 дена по ослабувањето на симптомите

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Нова провокација од Бугарите, овојпат со чистење на споменикот на Гоце Делчев и поставување на бугарското знаме

Редакција

Поскапува мазутот, цените на бензините и дизелот остануваат исти

Редакција

Настап на Дуња Иванова и концерт посветен на Кире Костов во изведба на Биг бендот на фестивалот „Крај Вардарот Џез“

Редакција