еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонци неможат да се вратат од Авганистан

Сѐ уште има наши граѓани кои се останати и кои се соочуваат со потешкотии да обезбедат место во комерцијалните летови за заминување од Кабул кои се сѐ уште активни. На нашата дипломатска мрежа дадена и е итна инструкција да стапи во контакт со министерствата за надворешни работи во земјите на нивното покривање, со цел координација при евентуално организирање групни хуманитарни летови за извлекување на нашите граѓаните затекнати во Авганистан, информира Министерството за надворешни работи (МНР).

Поради сериозното влошување на безбедносната состојба во Авганистан, која се менува од час во час, денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, свика итен координативен состанок со надлежните раководни органи во рамките на Министерството, велат од МНР.

Со оглед дека состојбата во Авганистан во континуитет се влошува, во рамките на МНР формирана е работна група за следење на состојбите, координирање на активностите поврзани со извлекувањето на нашите граѓани од Авганистан, како и континуирано информирање.

На состанокот,  како што соопшти МНР, биле разгледани последните информации кои пристигнуваат од Авганистан, при што беше констатирано дека сѐ уште има наши граѓани кои се останати, и кои се соочуваат со потешкотии да обезбедат место во комерцијалните летови за заминување од Кабул кои се сѐ уште активни.

-На нашата дипломатска мрежа дадена е итна инструкција да стапат во контакт со министерствата за надворешни работи во земјите на нивното покривање, со цел координација при евентуално организирање групни хуманитарни летови за извлекување на нашите граѓаните затекнати во Авганистан.

Министерството веќе стапи во контакт со неколку компании кои обавуваат активности на територијата на Авганистан, при што се добиени информации за неколку десетици наши граѓани кои се наоѓаат во Авганистан, како и за плановите на компаниите за евакуација на граѓаните кои се ангажирани преку нив.

Дополнително, воспоставена е комуникација со неколку пријателски земји кои имаат свое логистичко присуство во Кабул, со цел да се подготват и логистички можности за асистенција на нашите граѓани доколку се појави потреба за тоа, соопшти МНР.

Оттаму ги повикуваат и сите граѓани кои имаат свои роднини и/или пријатели во странство да се јават на дежурните телефони на МНР каде ќе ги пријават сите информации со кои располагаат.

Дежурните телефонски броеви се: +389 75 273 732 и +389 75 446 647.

МНР воедно го повторува апелот да не се патува во Авганистан, а граѓаните кои се наоѓаат таму да ги искористат можностите за напуштање на земјата кои се сѐ уште активни, а воедно и  да се пријават во Министерството за надворешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР: Да не се патува во Авганистан, тие кои се таму да си заминат во најскоро време

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приватните превозници најавија продолжување и проширување на протестите

Редакција

„Економист“ со илустрација ја долови кризата поради корона вирусот: „Затворено“

Редакција

Утре во Јавна соба настапуваат Fish in Oil, „џез деликатес“ од Белград

Редакција