еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Едно момче спасено од давење во Вардар кај неготинско Пепелиште, по друго се трага

Се трага по момче во и околу реката Вардар кај неготинско Пепелиште кое почнало да се дави во реката, а негов другар се обидел да му помогне.

Информацијата за МИА ја потврди директорката на Здравствениот дом Неготино, Билјана Филипова.

– Според информациите што досега ги имаме, едно момче почнало да се дави во реката, а другарче се обидело да му помогне, но безуспешно.

Очевидци го спасиле второто момче, кое било видно вознемирено, а по првото трагаат мештани, пристигнале и нуркачи.

Екипа на нашата Брза помош веднаш отиде на лице место и ќе остане таму и понатаму, изјави Филипова.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Валентин Груевски, кој се спомнува во аферата „Тајни имоти“ на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

„Мрчаторите“ од Фејсбук не дојдоа на отворениот ден во Цементарница Усје, да видат дека фабриката не може да работи без филтрите

Редакција

(Видео) Продолжува хаосот во САД, Трамп се закани со војска на улиците

Редакција