еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Деветнаесетгодишна девојка од Тетово почина од Ковид-19, имала дијабетес и прекумерна телесна тежина

Седум починати во изминатите 24 часа од 7 часот вчера до утринава во 7 часот бележи ковид центарот во Клиничката болница во Тетово, а меѓу нив најмлада е 19-годишна девојка, информираше координаторот на центарот, д-р Гзим Нуредини.

Меѓу починатите покрај 19-годишната девојка има луѓе на возраст од 43, 57, 51, 67, 73 и 76 години.

– Починатите се со хронични болести, како и најмладата пациентка, која се соочувала со дијабетес и прекумерна телесна тежина. За тие 24 часа бележиме 15 нови примени на болничко лекување, како и 192 амбулантски прегледи.

Вкупно сега има 111 на болничко лекување, меѓу кои шест пациенти со една доза и само еден со две дози примена вакцина, рече д-р Нуредини.

Вчера во Тетово имаше четири починати, со што вкупниот број на починати од Ковид-19 достигна бројка од 341.

Од вчера во Клиничката болница Тетово за болничко лекување почна да се користи и третиот кат од интернистичкиот блок покрај модуларна болница, инфективно одделение и два ката од интерно одделение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Тетово од Ковид-19 не починала 19-годишна девојка, туку пациентка на возраст од 60 години

73,6% од починатите од Ковид-19 во Македонија биле со претходни заболувања, најчесто кардиоваскуларна болест и дијабет

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димитров: Тешко е да се проголта фактот дека Груевски ќе бара спас во земја-членка на ЕУ

Редакција

Фатиме Фетаи: Ниту борбата за правда застанува, ниту животот тука застанува

Редакција

(Галерија) ВМРО-ДПМНЕ протестираше во Скопје и 20 други градови, се бара оставка од Заев

Редакција