еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски: Неприфатливо е да примаме многу повеќе бегалци од Авганистан од побогати држави од нас

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека е неприфатливо и е погрешен потег нашата држава да прима многу повеќе бегалци од Авганистан од побогати држави од нас.

-Навистина сум вчудоневиден со која леснотија се предлага ваков тип политика од страна на Владата имајќи предвид дека богатите скандинавски земји примаат едноцифрен број, дел од богатите балкански земји, Словенија, Хрватска, дел од балтичките земји, Естонија, исто така, прифаќаат едноцифрен број на луѓе, Авганистанци кои практично работеле за владите на тие држави во Авганистан, рече Мицкоски, во гостување на ТВ Сител.

Баш би сакал, наведе Мицкоски, да видам една поголема солидарност од страна на побогатите држави во Европа, бидејќи една мала држава како Македонија, која континуирано е уценувана за да почне да преговара со ЕУ прима по четир-пет, седум, десет пати повеќе бегалци.

Тоа, нагласи, е неприфатливо за мене. Додека не видиме пример од побогатите држави во Европа, па и во светот, дека навистина се солидаризираат со маката на тие луѓе, тогаш можеме да дискутираме во рамки на нашите можности колку ние можеме да прифатиме и да бидеме добри домаќини, рече Мицкоски.

Прашан кога државава може да се надева на сериозен старт на разговори со Бугарија со оглед на тамошната состојба со изборот на Владата и кога може да има преговори со Европската унија Мицкоски истакна дека во декември треба да се испорача тоа што е ветено, односно на следниот самит да почне процесот на преговори без какви било условувања.

-Нема повеќе потреба за какви било договори и преговори затоа што не разбирам што ќе се преговара или договора со која било идна влада на Бугарија. Нели прашањето со Бугарија е затворено?

Што е сега повторно договарање или преговарање, па да зависиме дали некој ќе направел или не Влада, едноставно треба да се испорача тоа што е ветено во декември. Јас разбирам принцип на консензус, ја разбирам волјата на мнозинството земји членки, но ако навистина таму тие сакат да има почеток на преговори за Македонија, тоа ќе го дозволат на следниот самит во декември без какви било условувања, преговарања и договарања, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Никој не побра од нас, сами се понудивме да прифатиме цивили од Авганистан, вели Заев

450 цивили од Авганистан доаѓаат во Македонија до крајот на неделава

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грчкиот Врховен суд реагира за употребата на името Република Македонија

Редакција

На вработените кои штрајкуваат во образованието и градинките ќе им бидат исплатени само придонеси, најави министерката Тренчевска

Редакција

Рашковски бара судот да му го врати пасошот

Редакција