еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

450 цивили од Авганистан доаѓаат во Македонија до крајот на неделава

До крајот на неделава зависно од околностите на аеродромот во Кабул, се очекува да пристигнат со организирани летови најголем дел од 450 – те граѓани од Авганистан, информира на денешната прес-конференција портпаролот на Владата, Муамет Хоџа.

Тој нагласи дека станува збор за демократско, мирољубиво население, вработени, жени и деца од семејства на оние кои работеле за хуманитарните и мировните мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и граѓани кои изминатите 20 години биле поддршка за НАТО сојузничките сили во Авганистан, вклучително и на Армијата на РСМ.

– Според информациите, Северна Макеоднија беше меѓу првите, ако не и прва земја, која сама пристапи на САД и понуди помопш за овие луѓе кои се под опасност по доаѓањето на талибанскиот режим во Авганистан, рече портпаролот Хоџа.

Напомена дека не постои ризик од мигрантска криза, ниту пак, како што потенцира, оваа хуманитарна операција треба да се поврзува со Прифатниот центар за странци или мигрантските кампови на северната и јужната граница од нашата држава, туку е дел од голема светска хуманитарна акција.

Трошоците за нивното сместување во неколку хотели и мотели во земјата, наведе Хоџа, во целост ќе  бидат покриени од меѓународните организации и од САД, се до нивното заминување во САД или во трети земји како нивна крајна дестинација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бројот порасна: Македонија ќе прифати 450 цивили од Авганистан

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 79 пациенти, а вкупно се лекуваaт 675

Редакција

Министерството за образование ќе преземе мерки според ситуацијата со морбилите на терен

Редакција

„Комерцијална банка“ повторно ја „тресе“ берзата: Продадени два блока акции за 456.000 евра

Редакција