еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 79 пациенти, а вкупно се лекуваaт 675

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 79 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 675 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 33 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 18 примени пациенти и 14 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Козле биле примени 1 нов болен, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 62 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 313 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 140 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 151 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти.

На Клиниката за детски болести има 8 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 11 позитивни пациентки.

Од денес работи и ковид центарот во Заводот за рехабилитација со капацитет од 38 кревети,“ се додава во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Патека за одење боси во Градски парк: Волонтери од Германија направија преубаво катче

Редакција

Државна лотарија го демантира ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Заедничка вежба на Македонија, САД и Албанија во Скопје од 20 август до 1 септември

Редакција