еМагазин
Image default
Македонија

Во струмичката болница се лекуваат 50 пациенти од Ковид-19

Во струмичката болница се лекуваат 50 пациенти заболени од Ковид-19. Дваесет и три нив се на болничко лекување, додека останатите примаат терапија во дневната амбуланта.

Според директорката Катерина Кузмановска, иако секојдевно расте бројот на заболени и се поголем број граѓани бараат помош од лекарите, сепак, во споредба со изминатите денови, многу малку е зголемен бројот на пациенти коишто се на болничко лекување.

„Капацитетот на Инфективното одделение скоро е исполнет, но заради заминувањето и доаѓањето на нови пациенти успешно го менаџираме лекувањето.

Имаме голем наплив од пациенти во дневната болница за преглед и затоа апелирам до матичните лекари да ги прегледуваат тие со полесна слика и да им препишуваат терапија,“ рече Кузмановска.

Додаде дека на Инфективното одделение има уште неколку слободни кревети, а доколку има потреба повторно ќе биде отворена модуларната болница, во која има 34 легла и таа би се користела како дневна болница.

Од пациентите кои се на лекување поголем дел се на кислородна поддршка, а многу голем дел од нив се невакцинирани.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДПА сама ќе настапи на изборите

Редакција

Не е реално да се очекува повторно отворање на Преговарачката рамка, сите партии да си ги преземат своите обврски, вели Борел

Редакција

Ахмети смета дека БЕСА нема да ја напушти Владата

Редакција