еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Утре стабилно и топло време, во среда дожд

Времето во земјава во текот на утрешниот ден ќе биде стабилно со благ пораст на дневната температура, но, веќе во среда и во четврток се очекува нестабилно време со дожд.

Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во среда во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Изолирана појава на нестабилност претежно во планинските подрачја ќе има и во четврток. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен и западен правец, а дневната температура ќе биде во опаѓање.

Според УХМР, потоа во следните денови се очекува претежно стабилно и потопло време.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како да се заштите од новиот сој на Ковид-19, „кракен“, објаснува доктор Стевановиќ

Редакција

Поранешниот претседател Иванов стана дедо, му се роди внук

Редакција

Како да се намалат шансите за мозочен удар

Редакција