еМагазин
Image default
Македонија

142 не ги почитувале решенијата: 2.424 лица во изолација во Гостивар и Тетово

Во Полошкиот Регион има 2.424 лица на кои им е издадено решение за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Според податоците на СВР Тетово, станува збор за лица кои имале позитивен тест на Ковид-19 и тие што имале контакти со заразен. Заклучно со денес, во Тетовското се 1.386, а 1.038 се во Гостиварско.

Од СВР Тетово информираат дека во рамки на нивните надлежности тие редовно ги спроведуваат контролите. Полициските службеници вчера и денеска (23/24 август), контролирале 1.162 во Тетово и Тетовско и 986 во Гостивар и Гостиварско.

Што се однесува до лицата кои во текот на овој месец не ги почитувале решенијата за изолација и при контролите не биле во домовите, до денеска нивниот вкупен број изнесува 142, информираат од СВР Тетово.

На сите нив ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, кривично дело казниво по член 206 од Кривичниот законик.

Зависно од последиците кои ги предизвикале, покрај парична казна, некои од прекршителите може да се соочат и со затворска казна.

МИА/Фото: Photo by Louis Reed on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Куновска: Националните координатори и советници не просветлија нас глупите

Редакција

Владата да го ангажира НАТО механизамот, за помош со искусни пожарникари, бараат од ЦУК

Редакција

Македонија во целост го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. вели министерката Петровска

Редакција