еМагазин
Image default
Македонија

Протестна нота од бугарското МНР поради отстранување на бугарското знаме во Битола

Привремениот шеф на Амбасадата на Северна Македонија во Софија, Владимир Крстевски денеска беше повикан во Министерството за надворешни работи на Бугарија, каде му беше врачена протестна нота поради отстранување на бугарското знаме во Битола.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, за време на состанокот помеѓу директорката на Дирекцијата за Југоисточна Европа во бугарското Министерство за надворешни работи, Вања Андреева-Малакова и в.д. шефот на Амбасадата на Република Северна Македонија во Бугарија, Владимир Крстевски, беше кажано дека на 28 август 2021 година бугарската страна контатирала отстранување на знамето на Бугарија, сместено до канцеларијата на Службата за трговија и економски прашања при Генералниот конзулат на земјата во Битола.

Бугарија изрази длабока огорченост поради инцидентот. Исто така беше нагласено дека секоја акција, изразување омраза против друга земја или нејзините граѓани, е во спротивност со основните вредности на модерните демократски општества и го попречува воспоставувањето на добрососедски односи.

Во официјалното соопштение по состанокот, бугарското Министерство за надворешни работи ја прифати јавната реакција на Министерство за надворешни работи на Северна Македонија, во која остро беше осуден вандалскиот чин и беше ветена истрага и изведување на сторителите пред лицето на правдата.

За време на состанокот, бугарските власти ја изразија својата загриженост за честите случаи на напади и агресија предизвикани од омраза кон Бугарија, вклучително и против државјани на Република Северна Македонија со бугарско потекло или оние кои се симпатизери на Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отстрането бугарското знаме од конзулатот во Битола, МНР со осуда

МИА/Фото: Фејсбук/бугарско МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пресврт: Мијалков останува во притвор, овој пат за „Плацови на Водно“

Редакција

На ќерката која ја задави мајка си во Карпош и се заканува доживотен затвор

Редакција

(ФОТО) Заев со Филипче на Форумот за дипломатија во Анталија, средба и со бугарскиот премиер Петков

Редакција