еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Природниот прираст негативен, бројот на склучени бракови зголемен за 140,8 отсто

Во второто тримесечје од 2021 година се родиле 4.604 бебиња што е четири проценти помалку во споредба со истиот период лани. Бројот на умрените лица, пак, во второто тримесечје од 2021 година бележи зголемување од 40,2 отсто и изнесува 7.496 лица.

Од починатите, 13 биле доенчиња.

Според Државниот завод за статистика, природниот прираст е негативен и изнесува -2 892, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 140,8 отсто во споредба со истиот период од 2020 година и изнесува 2.769 бракови.

Во ова тримесечје се добиени 501 извештај за разведените бракови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре повторно дожд, за викенд пониски температури

Редакција

Денеска претпладне сончево, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Редакција

(Фото) Премиерот Заев со сопругата на божествена литургија во црквата „Свети Леонтиј“ во Водоча

Редакција