еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Докиќ за СП објаснува зошто толку млади луѓе умираат од Ковид-19: Сѐ е до имунитетот и до генетиката

Доктор Дејан Докиќ за Слободен печат објаснува зошто толку млади луѓе умираат од Ковид-19.

-За смртноста од Ковид-19, работата е многу дискутабилна. Меѓутоа, моето лично мислење, со целокупното мое познавање на имунологијата од 35 години е дека се е до имуниот систем. Се е до наследниот генетски фактор.

Ако ние имаме организам со добар имунолошки систем, независно од тоа на која возраст е, со напомена дека со староста опаѓа одбрамбената моќ на имунитетот, тогаш тој имун систем ќе биде компетентен да се бори со било кој вирус. И ќе биде способен да надвладее над коронавирусот.

Гледаме многу пациенти. Ако лимфоцитите не им паднат многу, тие ќе поминат со лесна клиничка слика. И да се влоши нешто малку состојбата, пак ќе се изборат. Затоа што лимфоцитите им се во голем број.

Кај тие што паѓа нивото на лимфоцитите, се развива потешка клиничка слика и како ќе заврши тоа е неизвесно. Се е до имунолошкиот систем на пациентот, многу е индивидуално, вели за Слободен печат, Докиќ и дополнува дека во овој момент повеќе умираат млади, затоа што тие повеќе се заразуваат.

-Првичниот див сој на коронавирусот напаѓаше повозрасни. Но, сега поголем дел од возрасните се вакцинирани. Воопшто не се вакцинираа младите под 18 години до скоро.

Значи, дел од повозрасната популација над 18 години прележа, најголем процент на вакцинирани има во повозрасните возрасни групи, така што сега практично останаа младите незаштитени. А овој сој, делта сојот има многу поголема моќ да се пренесува, 60 проценти повеќе и тоа многу повеќе меѓу младите се пренесува, вели меѓудругото Докиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Помладите починати лица од Ковид-19 имаа страшни оштетувања на белите дробови, кои најверојатно потекнуваат од тромбози, вели Филипче

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фрчковски по три децении на државниот Универзитет, ќе предава на ФОН

Редакција

Македонците најдоа “лек“ за новите цени – Диазепам

Редакција

Трогателни приказни за оштетените од Еуростандард банка: Бараат државата да им ги врати парите

Редакција