еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Помладите починати лица од Ковид-19 имаа страшни оштетувања на белите дробови, кои најверојатно потекнуваат од тромбози, вели Филипче

Има јасни препораки и тие се во доктрините кога се дава антибиотик, а кога не се дава и матичните лекари имаат навистина искуство во тој дел. Комплексен е процесот на лекување на пациенти заболени од Ковид-19. Не се однесува на тоа дали се дава антибиотик или не. Проценка на возраста, ризиците, хроничните болести, претходна терапија, состојба на коагулација на крвта и така натаму, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Тој потенцираше дека матичните лекари работат согласно своето знаење и експертиза, согласно проценката на пациентите дали треба да се упатат на боличко лекување или не. Болничко лекување, како што рече, на секого му е достапно во кој било временски период.

Околу смртноста кај помладите лица, министерот наведе дека тие имаат повеќе контакти, а делта сојот е полесно пренослив.

– Тие конретни случаи во однос на помладите починати, еден пациент за жал на свое барање заминал од болничко лекување. Тоа се невакцинирани лица. Поголемиот процент од починатите се повозрасни со хронични болести.

Ние од оваа болест видовме помлади починати лица и претходно и тоа е навистина една страшна клиничка слика со страшни оштетувања на белите дробови кои што најверојатно потекнуваат од тромбози на ниво на најмалите крвни садови на белите дробови што е во клиничката слика на оваа болест, додаде Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дел од починатите од Ковид-19 долго време се лекуваат надвор од болница, доаѓаат на лекар со многу ниска сатурација, вели Филипче

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алијанса за Албанците: Од арно се бега ли, Владата ја камуфлира невработеноста

Редакција

Државјанин на Македонија во Швајцарија обвинет за регрутирање борци на ИД

Редакција

Виза и Мастеркард ги блокираа картичките на санкциониарните руски банки

Редакција