еМагазин
Image default
Локално

ЈСП: Од утре во сообраќај поголем број автобуси, ќе важат и средношколските билети

Поради почетокот на учебната година и очекуваната поголема фрекфенција на корисници на јавниот превоз од утре во сообраќај ќе бидат вклучени зголемен број автобуси, информираат денеска од ЈСП Скопје.

Автобусите ќе сообраќаат по делничен возен ред, односно јавниот превоз ќе го опслужуваат зголемен број на возила во споредба со изминатите неколку месеци. Возниот ред, додаваат од ЈСП Скопје, е достапен на нивната веб-страница.

Од утре, повторно ќе важат бесплатните годишни средношколски билети за користење на јавниот превоз. Билетите ќе бидат активирани системски, односно учениците немаат потреба од посета на продажните места на ЈСП Скопје.

Учениците од прва година средно образование ќе добијат на користење времени (хартиени) билети за бесплатно користење на превозот, кои ќе им бидат дистрибуирани преку училиштата.

Од таму потсетуваат дека и натаму времено е укината одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабота и недела.

ЈСП Скопје апелира до сите корисници на јавниот превоз да ја почитуваат одлуката за користење на заштитна маска при користење на превозот. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен кумановец, одзел пари од вработена во казино

Редакција

Четворица претепале сопственик на гостилница во Куманово

Редакција

Арачиновец нападнал полицаец сред полициска станица

Редакција