еМагазин
Image default
Македонија

Заев најави исклучување на Максим Димитриевски од СДСМ

Определбата на актуелниот градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски да не дочека СДСМ да ја донесе одлуката и прерано да го напушти процесот на селекција на кандидатите за претстојните локални избори согласно сите истражувања што ги правевме е негова лична одлука и со таа лична одлука тој ја донесе и одлуката за себеисклучување од СДСМ, порача денеска премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

-Статутот на СДСМ водејќи се со сите демократски определби ја направил јасната дистинкција на разграничување. Кога ќе одлучите дека треба да го напуштите СДСМ, тоа е опишано на неколку начини како тоа го правите, а еден од тие е токму тоа – истапувате од СДСМ и одите како независен кандидат. Максим Димитриевски се одлучи за тоа. Тоа е негова одлука и Максим тргна против Максим.

На СДСМ му остана само на првиот Централен одбор да го констатира тоа што Максим Димитриевски го направи, односно тоа е исклучувањето од СДСМ, рече Заев во одговор на новинарско прашање.

Тој посочи дека статутот  е устав во СДСМ, најважниот и највисок документ по којшто работат и е израз на максимална демократска процедура во партијата.

-СДСМ е исклучително демократска партија која што своите определби и одлуки не ги носи на основа на ставови на поединци, ги носи на своите органи и тела, ги носи преку својот Статут. Во него е јасно опишано кога ќе тргнете против СДСМ, кога ќе се спротивставите на СДСМ не можете истовремено да бидете и член на СДСМ, а можете слободно да ги кажете вашите различности, можете да дојдете во органите и телата на партијата, можете да дискутирате, да се борите за вашите ставови.

Најдоброто во СДСМ е тоа што различните ставови многу често и победуваат дури и кога не се ставови на највисокото раководство на СДСМ. Максим беше член на Конгрес, по функција член на Централниот одбор како градоначалник, секогаш го имал правото да дојде да дискутира и да ги каже своите забелешки, така што овде е јасна процедурата како се донесуваат одлуките, прецизира Заев.

За повторното некандидирање на актуелниот градоначалник на Општина Радовиш, Герасим Конзулов на локалните избори, Заев рече дека тоа е направено, бидејќи анализите покажале дека 60 отсто од граѓаните на Радовиш сметаат оти не заслужува втор мандат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Максим Димитриевски: Моето исклучување од СДСМ е желба на поединци

Максим Димитриевски ќе се трка за градоначалник на Куманово како независен, не очекува да биде исклучен од СДСМ

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мојот сопруг поднесе оставка поради хајката против него: Најчевска за повлечениот амбасадор Тодоровски од Прага

Редакција

Аднан Ќахил исклучен од неговата партијата, од таму бараат Заев да го разреши и од министерската функција

Редакција

Ќе добие ли Заев уште еден советник од Србија: Ќе прифати ли Чедомир Јовановиќ да работи за македонскиот премиер

Редакција