еМагазин
Image default
Балкан

Многу лекари ќе напуштат работа ако ги принудиме да се вакцинираат, вели српската премиерка Ана Брнабиќ

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека воведувањето задолжителна вакцинација против Ковид-19 за здравствените работници ќе отвори други проблеми за Србија и на крајот ќе ја доведе земјата пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Таа на прес-конференција во Нови Сад истакна дека не би сакала да им наметнува „такви очигледни работи“ на лекарите како обврски, бидејќи верува дека тоа би било навреда.

– Мислам дека здравствените работници веруваат во науката и здравјето и дека тие ќе ја водат вакцинацијата, посочи Брнабиќ.

Таа нагласи дека евентуалното воведување задолжителна вакцинација во здравствената заштита ќе доведе до отпуштање на 20 отсто од здравствените работници кои поради некоја причина не сакаат да се вакцинираат.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкава плата има Иванов: Највисока плата во регионот има словенскиот претседател Пахор

Редакција

Каменос: Пред Договорот да дојде во грчкиот парламент, Независни Грци ќе ја напуштат владата

Редакција

Пожарот во близина на Атина ставен под контрола, на Родос гори густа шума

Редакција