еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Инцидент во гостиварско Ѓурѓевиште: Пукал во соселани кои се враќале од погреб, едно лице полесно повредено

Едно лице е полесно повредено во инцидент што вчера околу пладне се случил во гостиварското село Ѓурѓевиште. Помлад жител на селото со пиштол пукал во група луѓе кои се враќале од погреб.

Полицијата трага по него и засега не се знаат мотивите кои го предизвикале инцидентот.

Од СВР Тетово информираат дека инцидентот бил пријавен вчера (2 септември во 12 часот и 20 минути).

Според причините податоци С.И.(23) од Ѓурѓевиште, од возило во движење пукал од пиштол повеќе пати кон луѓе кои се враќале од погреб. Полесна телесна повреда здобил Ф.М.(46) од истото село, на кој му е укажана помош во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“.

Екипа на ОВР Гостивар извршила увид, а на местото на настанот се пронајдени и подигнати за вештачење две чаури и еден проектил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Неофицијално, на оружениот инцидент му претходеле нерасчистени односи помеѓу осомничениот за пукање и дел од луѓето кои биле во групата. С.И. по настанот побегнал и по него се трага.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со испитување на сведоци продолжи судењето за случајот „Жан Митрев“, судскиот процес продолжува во септември

Редакција

(Галерија) Џафери со бугарскиот колега Желјазков положија венци на плочите на Св. Кирил во базиликата „Санта Марија Маџоре”

Редакција

ДИК ги објави конечните резултати: СДСМ 46, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15 АА 12, Левица 2 и ДПА 1 мандат

Редакција