Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека следните денови времето ќе биде со повеќе сончеви периоди, а од утре се очекува дневните температури да бидат значително повисоки.
За време на викендот ќе има и услови за слаб локален дожд, претежно во планинските подрачја, а во недела и услови за ретки грмежи.
Утре минималната температура ќе биде седум, а максималната дневна 30 степени. Во сабота ќе биде до 31, додека во вторник и среда идната недела до 33 степени.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.